Војин Ражнатовиќ: Цеца го фалсификуваше тестаментот на Аркан!


Војин отворено проговори за семејните несогласувања околу тестаментот.

Војин Ражнатовиќ, синот на Аркан од претходниот брак, тврди дека неговата маќеа Цеца заедно со Борислав Пелевиќ и Драган Марковиќ Палма го лажирала татковиот тестамент.ceca arkan

– Тој тестамент е чиста претстава што ја изведе мојата маќеа. Би сакал целиот текст да излезе во јавност и народот да се увреи колку е нереално тоа што тие тројца го направија. На пример во почетокот на тестаментот стои дека татко ми е загрижен за својот живот, што докажува дека сѐ е измислица бидејќи тој никогаш не се плашеше дека ќе загине. Стравот не му беше во карактерот. Не можев да се изборам да го оспорам тестаментот бидејќи Цеца, Палма и Пелевиќ имаат многу врски кај влијателни луѓе. Целиот судски процес беше фарса. Нашиот најстар брат Михаил го натераа да го потпише тестаментот, а тој го немаше ниту прочитано.voinarkan-360x540

Иако многумина велат дека Војин многу потсетува на својот татко Аркан тој вели дека се гордее со него, но сепак повеќе се гордее со својата мајка.

– Таа отсекогаш ме учеше да бидам човек. Таа е мојот херој, изјави Војин.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1