Воениот лидер на Хамас, Џабари и неговите телохранители беа убиени кога ракета испукана од израелски авион го погоди нивниот автомобил.
Иако Израелската војска објави дека во операцијата целела кон места од кои Хамас ги лансира своите ракети на израелска територија, снимката покажува дека ракетата е испукана и целено било дирекно во автомобилот на воениот лидер.
Според соработникот на MKnews.MK, Anas T. Madhoun, кој е новинар во Газа и во моментот се наоѓа таму, Израел започнал напад и со воени бродови кои испалуваат ракети кон цели во Газа, а египетскиот и палестинскиот претседател побарале итна седница на советот за безбедност на обединетите нации. Состојбата дополнително ја влоши и одлуката на египетскиот претседател да го повлече амбасадорот од Тел Авив.
Уште двајца Палестинци се убиени во градот Газа и двајца во Беит Лахија. Убиено е и мало девојче, 7 годишната Raneen Arafat која во болницата Al Shifa им подлегнаа на повредите. Според Си Ен Ен повредени се 35 лица, од кои 10 се во тешка состојба
Претседателот на Палестина, Махмуд Абас, побарал итен состанок на Арапската лига по повод ескалацијата на насилствата, а генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун ги повикал и двете страни на воздржаност.
Од Хамас преку радио се огласиле и најавиле дека ќе се одмаздат за нападите.
А Израел размислува и за копнена акција.