Во Охрид ќе се гради аеродром на вода


Министерството за транспорт и врски објави барање за интерес за учество во изградба на нов аеродром на вода на Охридското Езеро.

Преку постапка за доделување концесија или постапка за доделување договор за јавно – приватно партнерство ќе биде избран партнер кој ќе биде одговорен за градење на аеродромот.

Заинтересираните субјекти ќе треба да ја достават понуди како и копии од оперативните и финансиските извештаи од последните три години најдоцна до 10 декември годинава.

Барањето е објавено во дневните домашни и меѓународни весници како и на интернет-страницата на Министерството за транспорт и врски.

Во огласот се потсетува дека Охридско Езеро и Охрид се прогласени за светско наследство на УНЕСКО и е најпосетена туристичка дестинација во Македонија.

А со аеродромот на вода сака да се постигне подобра поврзаност на Охрид со останатите туристички дестинации на Балканскиот полуостров, а со тоа и зголемување на бројот на туристи.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1