Маж и жена кои се забавувале во текот на Втората светска војна ќе се сретнат по 70 години и заедно ќе го поминат Денот на вљубените.
Се започна кога воениот ветеран, пилот од Вирџинија, Норвуд Томас (93), и рекол на поранешната девојка Џојс Морис (88), дека сака повторно да ја види кога пред неколку месеци разговарале на Скајп за да се потсетат на времето минато заедно во Англија.
Приказната за повторната средба на двојката од војната во медиумите стигна пред два месеци, а околу 300 луѓе донирале пари и собрани се околу 7.500 долари за нивната средба.
Според пишувањето на медиумите, во акцијата се вклучи и авиокомпанијата Ер НОви Зеланд ( Air New Zealand) која понуди бесплатен превоз за Томас и неговиот син во Австралија, каде живее Морис.