Откако Воин Ражнатовиќ, по кој знае кој пат, се обиде јавно да ја компромитира својата маќеа Цеца, се случи нешто што малку кој очекуваше.
Иако до сега никогаш не реагираше, ќерката на Цеца, Анасатасија, почувствува потреба јавно да се огласи.
– Многу е тажно и бедно што „некои“ луѓе од сопствена немоќ, омраза и охолост можат да се служат со лаги, клевети (фотошоп и монтажа) за да бидат во центарот на вниманието. Драг полу „брату“ со своите гнасни изјави најмногу го откриваш токму она што се обидуваш да го сокриеш, а тоа е колку всушност ти го мразиш нашиот татко – напиша седумнаесетгодишната Анастасија.