Војник исчезнат 33 години, пронајден жив


66238

Поранешен советски војник кој се водел како исчезнат веќе 33 години, уште од времето на советската воена интервенција во Авганистан, е пронајден жив и здрав во западната авганистанска провинција Херат, пренесува МИА

Војникот живеел полуномадски и во меѓувреме прифатил авганистанско име Шеик Абдула, а живеел и се издржувал практикувајќи хербална медицина.

vojnik-isceznat-02-600x401Абдула, кој по потекло е Узбекистанец, а неговото вистинско име е Бахредин Какимов, бил ранет во една битка само еден месец по стартот на советската инвазија во Авганистан. Тој бил спасен од локалните Авганистанци кои го излелувале и потоа му помогнале да се сокрие.

Според претставник на Комитетот на советските воени ветерани, војникот Какимов бил формално прогласен за исчезнат откако не бил пронајден по една година трагање.

sovetska armijaКако исчезнати се уште се водат 264 поранешни советски војници, од кои половината по националност се Руси.

Околу 15.000 советски војници и безмалку еден милион Авганистанци загинаа во судирите на советски сили и војската на просоветскиот режим во Кабул со авганистанските муџахадини, кои беа вооружувани од Западот и од муслимански земји.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1