Војо Стојановски почина од карцином на панкреасот


Вчера во родното село Букојчани, Кичевско, погребан е Војо Стојановски, македонската фолк легенда, кој почина завчера во Скопје по кусо боледување на 65 годишна возраст.

vojo stojanovskiБлиски соработници на фолк пејачот велат дека долги години имал проблеми со срцето, па се разболел од карцином на панкреасот. Војо зад себе ги остави сопругата Евица Камберова-Стојановска, новинар во МТВ, синот Дамјан кој има 19 години и два сина од претходниот брак, пишува Вест.

Дел од блиските колеги на Војо жалат што не успеале да се поздрават со него за последен пат.

– Доцна ми јавија за жалната вест, а јас во моментов не сум во Скопје и жалам што не успеав да заминам во Букојчани на погреб, изјавил вчера за „Вест“ Наум Петрески и додаде: Тој беше еден многу специфичен човек, редок човек, голем другар. Иако знаевме дека е болен сите не затече веста за неговата смрт. Секогаш се дружевме зад фестивалската сцена и по фестивалите. Кога ќе се сретневме приватно никогаш не зборувавме за музика.

Повеќе прочитајте во денешното печатено издание на дневниот весник „Вест“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1