Како што пишува српскиот весник Новости, волкот му го одгризал средниот прст на левата рака на детето во четвртокот околу пладне во Зоолошката градина во Белград.
Детето е пренесено во болница каде му е санирана повредата и е надвор од животна опасност.
Деветгодишникот во Зоолошката градина бил со своите родители.
Тие за момент го испуштиле од вид по што тој ја протнал раката низ оградата на кафезот со намера да го погали животното.