Волшебен мај – 17 одличен за создавање потомство, на 21 сонот ќе ви се исполни


Мај е богат месец и енергетски и ритуално. Гледано по денови, ви пренесуваме што е добро да се прави или да не се прави во деновите со посебна енергија.love

1 мај – Белтане, весел пагански празник на плодноста во кој ритуално се спојуваат космичките женски и машки енергии кои поттикнуваат на будење на природата како една од најфините креации на божествата. Билките набрани на овој ден имаат чудесна моќ. Маговите ја собораат првата утринска роса за своите љубовни пијалаци. Исто така, на овој ден се советува капење во река или во езеро – зашто тоа е добра заштита од негативната енергија и од болести. Постои уште едно правило кои требало стриктно да се почитува, а тоа е дека на овој ден никому ништо не се позајмува.

4 мај – На овој ден треба задолжително да се исчисти куќата и во секоја соба да се стави по чешне лук за да се заштити (колку толку) од негативна енергија.

5 мај – Овој ден треба да се искористи за посета на гробишта и да им се искаже почит. Овој ден не е добар за венчавање.

6 мај – Свети Георгиј – Ѓурѓовден, преубав и многу значаен празник преполн со интересни ритуали. За здравје и среќа треба утринското капење да го направите во река или езеро. За да има постојано пари во домот, треба да се сипе вода во еден сад и во него да се стави златен или сребрен накит и да се остави така да преноќи. На тој начин се повикува финансиската моќ на куќата.

Исто така, 6 мај е многу значаен датум и за духовниот и за телесниот свет. На тој ден се отвораат капиите на оностраното и со самото тоа двата света се едно повеќе од десет часа. Тогаш може да се почувствува или да се прикаже некој близок кој починал и да ви пренесе некоја порака.

17 мај – Штом ќе чукне првата минута од овој ден, двојките кои сакаат потомство треба да се фрлат на работа, а истото треба да го сторат и следниот ден, на 18 мај.

21 мај – Запаметете го добро сонот што ќе го соните ноќта од 20 кон 21 мај, зашто таа ноќ има пророчки карактер и тој сон може да ви се оствари или да ви го покаже патот кон остварување.

23 мај – Совршен ден за водење љубов, зашто ја зацврстува врската и ѝ дава посебна положба. Овој ден поминете го со саканата личност во милување и бакнување.

Kurir.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1