Девин Антоновиќ, син на некогашната голема љубов на Мирослав Илиќ, Мирјана откако што поднесе тужба против пејачот за утврдување на татковството си ја отвори душта за српски Ало. Тој вели дека му е жал што морал да го тужи Илиќ и дека не му е јасно зошто не сака да го признае, кога во телефонските разговори збруваат како татко и син.
– Криво ми е што мораше да дојде до Министерството за правда бидејќи сакав тоа да заврши меѓу нас двајца. Дадов се од себе за да биде така, но за ѓал не сум успеал во тоа. Жал ми е што таткото ќе го добијам преку суд, а посебно што се толку медиумски е пропратено, бидејќи тоа сепак е интимна работа, но на некои животни околности не можев да влијаам, вели Девин, кој никогаш не се сретнал со Мирослав иако неколку пати разговарале по телефон.
– Не барав од него нипто освен да се запознаеме и да поразговараме. Се изборив да станам лекар анастезолог во Америка, што беше многу тешко да се постигне и за мене и за мојата мајка. Мирослав не учествувашекога најмногу ни беше најтешко, па ни сега не штеди ова што побезболно да се објавува. Тој и јас разговаравме повеќе пати и никогаш не ми рече: „ Ти си мојот син“ затоа не разбирам зошто е ова малтретирање? Сега препуштам на правосусдството да ја додели правдата, вели Антоновиќ кој тврди дека се што се случувало во изминатиов период многу емотивно влијае врз него.