Времето ќе биде сончево наутро, со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретка појава на грмежи, особено во северните и западните делови од земјата. Во вечерните часови на места ќе има пообилен дожд, проследен со грмежи и засилен ветер.
Температурата ќе се движи од 21 до 31 степен Целзиусов. Во Скопје слично време, со температура до 28 степени.
До крајот на денот во одделни делови од земјава , особено во северозападните делови ќе има нестабилна облачност, краткотраен дожд и ретки грмежи. Слична временска состојба имаме и утре, во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност со краткротраен дожд. Значителна промена на времето очекуваме утре во ноќните часови. Ќе имаме зголемена облачност, врнежи од дожд кои што на некои места ќе бидат пообилни.
Ќе започне да дува засилен северен ветер кој што ќе допринесе за опаѓање на температурите, кое залаување ќе се почувствува во вторник.
Температурите во вторник ќе опаднат за 8 – 10 степени , што во однос на утрешните 24 до 31, ќе имаме температури во вторник од 13 до 21 степен што е навистина заладување. Се уште во вторник во претпладневните чаови ќе има локални врнежи од дожд кои на некои места ќе бидат пообилни . Веќе од средна ќе имаме стабилизирање на времето , но во наредните два дена доста ниски утрински температури. Краткотрајно дестабилизирање имаме во петок“ изјави Ленче Ризова, дежурен синоптичар од УХМР.