До вторник дневната температура ќе биде во пораст попладне ќе има локален слаб дожд, а од среда се очекува нов влажен бран со врнежи од дожд и спуштање на температурата за околу 5 степени.
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот, времето во среда ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени врнежи од дожд. На повеќе места ќе биде нестабилно облачно со поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер од над 70 км/час и со услови за појава на град.
Локално се очекува да наврнат 30 литри на метар квадратен воден талог, информира УХМР.
Во четврток ќе има повремени врнежи од дожд и ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер кој ќе услови позначително опаѓање на дневната температура. На планините врнежите ќе бидат од снег.