Изминативе години, вонземјаните секогаш се претставувани како помали суштества од луѓето. Покрај тоа, речиси секогаш имаат непропорционално голема глава и огромни црни очи. Но, тоа би можело да биде целосно неточно, барем според тврдењата на космолог од Универзитетот во Барселона.
Професорот Фергус Симпсон неодамна објави труд „Природата на населените планети и нивните жители“, а во него тврди дека вонземјаните речиси сигурно се поголеми од нас и тешки и по 300 килограми.
Неговата теорија се темели на претпоставка дека и останатите планети конзервираат енергија баш како и Земјата.
– Што се однесува на животните, поголемите видови секогаш имаат помала популација, најверојатно поради нивните поголеми потреби за енергија, објаснил Симпсон.
Според тоа, поголемите суштества конзумираат и испуштаат повеќе енергија од помалите. На Земјата постојат повеќе мали отколку големи видови, но Земјата, тврди Симпсон, не е добар огледен пример. Повеќето населиви планети по големина се слични на Марс, вели тој.
Со оглед на тоа и со оглед дека густината на населението опаѓа со зголемувањето на масата на телата, Симпсон во својот труд заклучува дека повеќето интелигентни суштества веројатно ја преминуваат масата од 300 килограми.