Вонземјаните воопшто не се мали, имаат и по 300 килограми!


Изминативе години, вонземјаните секогаш се претставувани како помали суштества од луѓето. Покрај тоа, речиси секогаш имаат непропорционално голема глава и огромни црни очи. Но, тоа би можело да биде целосно неточно, барем според тврдењата на космолог од Универзитетот во Барселона.

Професорот Фергус Симпсон неодамна објави труд „Природата на населените планети и нивните жители“, а во него тврди дека вонземјаните речиси сигурно се поголеми од нас и тешки и по 300 килограми.vonzemjani marsovec

Неговата теорија се темели на претпоставка дека и останатите планети конзервираат енергија баш како и Земјата.

– Што се однесува на животните, поголемите видови секогаш имаат помала популација, најверојатно поради нивните поголеми потреби за енергија, објаснил Симпсон.

Според тоа, поголемите суштества конзумираат и испуштаат повеќе енергија од помалите. На Земјата постојат повеќе мали отколку големи видови, но Земјата, тврди Симпсон, не е добар огледен пример. Повеќето населиви планети по големина се слични на Марс, вели тој.

Со оглед на тоа и со оглед дека густината на населението опаѓа со зголемувањето на масата на телата, Симпсон во својот труд заклучува дека повеќето интелигентни суштества веројатно ја преминуваат масата од 300 килограми.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1