Вооружен грабеж со калашникови на банка во скопско Визбегово


Филмски вооружен грабеж се одвивал претпладнево во експозитурата на “Халк банка”, сместена на улицата “Јадранска магистрала” во населбата Визбегово. Вооружени со автоматско оружје, ограбувачите со својот автомобил најпрво се паркирале пред банката, по што двајца од нив влегле по парите.

Според очевидците, во грабежот учествувале петмина разбојници кои биле вооружени со автоматско оружје калашников. По влегување во банката тие ги принудиле вработените и останатите лица кои се наожале во банката да легнат на подтот, по што го извршиле грабежот.

Засега сеуште не е позната сумата на пари која што била одземена од сефовите на банката.

Од МВР гои потврдија инцидентот, соопштувајќи дека разбојништвото е пријавено околу 13.00 часот, по што е започната потерата за пронаоѓање на сторителите.

Во банка на улицата “Јадранска Mагистрала” непознати сторители извршиле разбојништво, и со закана со оружје од сефот одзеле неутврдена сума на пари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот, соопштуваат од МВР.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1