Вооружена кражба во Скопје – малолетник ограбен во влез од зграда


Четиринаесетгодишно момче од Скопје вчера во 17:45 часот, пријавило дека непознато лице извршило разбојништво врз него.

Во соопштението од полиција се вели дека, кога момчето влегло во влезот од зградата, сторителот со закана со пиштол му го одземал мобилниот телефон, по што побегнал во непознат правец.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1