На улицата пред студентскиот дом Кузман, пред деловната зграда постојано има паркирано автомобили бидејќи местото наликува како да е паркинг и многу граѓани ни не размислуваат кога тука паркираат мислејќи дека паркингот е дозволен НО НЕ Е!
Еве што питател на Мкnews не замоли да објавиме. До сите возачи внимавајте ова место е рудник за пари за пајак службата.
Тој вели дека кога паркингот ќе се наполни доаѓаат понекогаш и по 3 – 4 возила на Пајак службата како одеднаш би можеле да ги однесат автомобилите.
,, Ако е забрането зошто не стават столбови или нешто вака излегува дека е мамка за возачите кои потоа плаќаат дебели казни за да си ги земат возилата,, вели читателот.
Казна ако пајак ти ја дигне колата е 3000 денари + негативни поени, ако се затечеш на лице место се плаќа 1500.
Сепак според правилникот доколку во централното градско подрачје некое место не е стрикно означено дека е паркинг – тоа значи дека паркинг не е дозволен, иако во право е читателот дека би можеле на некои начин да им дадат до знаење на возачите кои со години тука слободно паркирале, дека сега не е дозволено. Дали столбови синџирче или пак јасен знак.
Како и да е доколку не сакате да се олесните за 50 евра, избегнувајте го ова место за паркирање.