Возачи ова место е мамка за да ве дигне Пајак службата – внимавајте (Фото)


10262182_430241223780188_7188854434479088742_n

На улицата пред студентскиот дом Кузман, пред деловната зграда постојано има паркирано автомобили бидејќи местото наликува како да е паркинг и многу граѓани ни не размислуваат кога тука паркираат мислејќи дека паркингот е дозволен НО НЕ Е!

Еве што питател на Мкnews не замоли да објавиме. До сите возачи внимавајте ова место е рудник за пари за пајак службата.

Тој вели дека кога паркингот ќе се наполни доаѓаат понекогаш и по 3 – 4 возила на Пајак службата како одеднаш би можеле да ги однесат автомобилите.

,, Ако е забрането зошто не стават столбови или нешто вака излегува дека е мамка за возачите кои потоа плаќаат дебели казни за да си ги земат возилата,, вели читателот.

1461555_430241257113518_3107047637139703571_nКазна ако пајак ти ја дигне колата е 3000 денари + негативни поени, ако се затечеш на лице место се плаќа 1500.

Сепак според правилникот доколку во централното градско подрачје некое место не е стрикно означено дека е паркинг – тоа значи дека паркинг не е дозволен, иако во право е читателот дека би можеле на некои начин да им дадат до знаење на возачите кои со години тука слободно паркирале, дека сега не е дозволено. Дали столбови синџирче или пак јасен знак.

Како и да е доколку не сакате да се олесните за 50 евра, избегнувајте го ова место за паркирање.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1