Возачите на камиони во очај: “Потребна ни е помош! Влегуваат во камионите, агресивни се, ја крадат нашата роба”


На француското пристаниште Калаис, возачите на камиони велат дека во последно време речиси е невозможно да си ја вршат работата, поради големиот број на мигранити кои се обидуваат да влезат во камионите и со нив да го минат каналот до Велика Британија.kamioni-migranti-vozaci-calais-francija-07

Сè поголем број на возачи се жалат на мигрантите кои ги тероризираат на дневна база, обидувајќи се да влезат во камионите и незабележано да минат преку Ла Манш, кој ги спојува Франција и Британија. На француското пристаниште Калаис, возачите на камиони велат дека во последно време речиси е невозможно да си ја вршат работата, поради големиот број на мигранити кои се обидуваат да влезат во камионите и со нив да го минат каналот до Велика Британија, пишува Independent.

“Потребна ни е помош, агресивни се, ги затвораат вратите од камионите за да не гледаме што се случува внатре, ја крадат нашата роба”, рекол еден возач на камион, кој вели дека проверува под камионот, околу тркалата и секој можен простор во камионот, за да ги избрка мигрантите кои се сокриле таму.

Некои возачи велат дека често се случува мигрантите да имаат и оружје, поточно ножеви, и дека не се плашат да ги употребат. Многумина од возачите, поради страв за сопствениот живот, не се осудуваат да им се спротивстават на мигрантите.kamioni-migranti-vozaci-calais-francija-09

Голем број на морнари од француската компанија “MyFerryLink” започнале штрајк во вторникот, и го сопреле сообраќајот на пристаништето Калаис и низ тунелот под Ла Манш, во знак на протест против одлуката на “Eurotunnel”, два од трите бродови кои ги користи “MyFerryLink” да се продадат на данскиот конкурент “DFDS”. Штрајкот на морнарите предизвикал огромни колони на патиштата кои водат до пристаништето, а таа ситуација мигрантите ја искористите за да се качат во камионите кои чекаат во колоната.

Властите велат дека бројот на мигранти на пристаништето во Калаис е сè поголем, а тие чекаат шанса да се качат на траект за Велика Британија со надеж за подобар живот.

“Нè малтретираат по цели денови. Се обидовме да ги избркаме, но тие не сакаат да бегаат не се плашат од никого. Време е нешто да преземе по тоа прашање”, рекол еден од возачите.kamioni-migranti-vozaci-calais-francija-06

“Во мојот камион има десеттина луѓе”, рекол еден возач кој бил сретнат од новинарска екипа во колоната на автопатот кон пристаништето.

Се претпоставува дека бројот на мигранти во Калаис изнесува 3.000, а се очекува дека следната седмица во Франција ќе пристигнат уште 2.000 бегалци од Еритреја, Сирија и Авганистан.

Tocka.com.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1