Возачот бил приклештен во автомобил- детали за сообраќајката во Аеродром


Страшна сообраќајна несреќа се случи на булеварот „Кузман Јосифовски Питу”, кај трговскиот центар „Скопјанка” утрово во 4:45 часот кога возачот на „Ауди” со скопски регистерски таблици И.П.(42) изгубил контрола и се забил во бетонскиот ѕид од фонтаната што се наоѓа на крстосницата.soobra aerodrom

Возилото се извртело, а возачот останал приклештен во возилото. Случајни минувачи и сведоци на незгодата повикале полиција и Итна помош но тие не можеле да го извадат возачот од неговото седиште па затоа биле повикани и пожарникарите кои го сечеле “аудито” за да го извадат повредениот скопјанец надвор и да му го спасат животот.

Тој бил префрлен во специјалната болница за хируршки болници „Наум Охридски” каде лекарскиот тим конастатирал тешки повреди и го задржал на лекување.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1