Возбуда, џагор и многууу надеж – првото ѕвонче за 21.213 првачиња (Видео)


Над 21 илјада првачиња се запишаа во прво одделение. Новата учебна година ќе за почнат околу 270,000 ученици, од кои 188.000 основци а 88.000 средношколци. За првачињата ова не е конечната бројка бидејќи уписите ќе траат и во текот на септември месец. Наставниците и педагозите велат дека улогата на родителот е клучна за детето да се изгради со зрела и образована личност.sara prvace

Учениците од Петар Поп-Арсов со песна и танц ги пречекаа првачињата во школото. Децата со насмевка тргнаа на првиот школски ден. Сакаат да станат, научници, доктори, новинари, наставници…

Почна наставата и во населените места во Скопско кои беа поплавени. Таму сѐ уште се врши дезинфекција, дезинсекција и дератизација. Општините помагаат во санирање на штетите во училишните објекти за да обезбедат непречено одвивање на наставата и образовниот процес.

Tv Nova

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1