Воздухот во Скопје оваа недела загаден 5 пати повеќе од дозволеното – еве каде најкритично


Мерните станици за квалитетот на воздухот во Скопје цела недела покажуваат зголемени часовни вредности на аерозагадување со ситен прав (ПМ10-честички), кои во вечерните часови достигнуваат и до пет пати над максимално дозволените концентрации., пишува Дневник.

zelezara_zagaduvanje makstilАко до неодамна мерната станица во Лисиче ги бележеше рекордите во Скопската Kотлина, од неодамна проработи и мерната станица во Гази Баба, која во последно време ги има највисоките часовни вредности. Пиковите, односно највисоките загадувања на оваа станица се забележани во текот на минатиот викенд и во средата, четвртокот и во петокот во раните утрински часови кога часовните вредности на прав изнесуваа од 150 до 250 микрограми на кубен метар воздух.

Во Институтот за јавно здравје велат дека секојдневно ги следат податоците од мониторингот на квалитетот на воздухот и дека ова летно аерозагадување е последица на метеоролошките услови и на актуелните загадувачи.

Инаку, Скопје одамна ги истроши своите бонуси кога е во прашање аерозагадувањето. Според Законот за квалитетот на воздухот, во рок од една година не смее да има 35 дена во кои среднодневната вредност на ПМ10 е повисока од 50 мцг/м3. Но, мерната станица Лисиче досега отчитала 114 такви дена, Центар 82, Ректорат 73, а Kарпош 71 ден. Досега од годината поминаа 220 дена, што значи дека во Лисиче колку дишеле здрав, толку дишеле и воздух што може да му наштети на здравјето.

Во Македонија, според студија на Светска банка, годишно од загаден воздух умираат по 1.350 лица. Аерозагадувањето со прав предизвикува низа белодробни и срцеви заболувања и други здравствени проблеми, а најранливи се децата, хроничните болни и старите лица.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1