Полицијата во Сакраменто го привела синот на познатиот српски кошаркар Владе Дивац.
Неговиот 20-годишен син, Матија Дивац, е уапсен поради возење во пијана состојба.
Во четвртокот вечерта, полициска патрола го запрела возилото на помладиот син на Дивац, кој имал голема количина на алкохол во крвта.
Матија бил веднаш приведен и бил задржан во полициската станица се додека не се отрезнил.