Возеле во еднонасочна – Го прободеле со нож и побегнале: Детали за тепачката пред Сити Мол!


Полицијата информира дека тепачката настанала околу 19.30 часот.

tepacka-karpos4

Двајца браќа од Скопје, В.Ќ (20) и С.Ќ. (23), се движеле со атомобил „голф“ по еднонасочна улица при што биле пресретнати од друго возило од кое излегле две непознати лица и физички ги нападнале. Едно од лицата извадило нож и му нанело расекотини по телото и главата на 20-годишниот В.Ќ. по што избегале.

Момчето е префрлено во Ургентниот центар.

Полицијата трага по сторителите и презема мерки за расчистување на случајот. Неколку лица се повикани на разговор во полиција за синоќешниот инцидент што се случи во близина на трговскиот центар „Сити мол“, во којшто дваесетгодишник беше расечен со нож.

 

Допрва ќе не бодат и газат – си возат по едносмерни, свират, хаос – Сити Мол ни е кошмар

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1