Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по претежно влажни коловози. Слаб снег провејува на сите планиски превои во западниот и југозападниот дел од Републиката кој во моментов не се задржува на коловозите.
Појава на магла со видливост до 50 метри има на Маврово, и Стража.
Воведена е забрана за движење на тешки товарни возила над 7,5 тона и автобуси, на патниот правец Р2136 Ржаничино – Д.Коњаре, поради оштетување на средниот столб на мостот на река Пчиња.
Штетата на мостот на патниот правец Радовиш – Штип е санирана и сообраќајот се одвива наизменично, по една коловозна лента. Сообраќајот на патниот правец Демир Капија кон с. Корешница е нормализиран. Забраната за движење, поради свлечиште, на патот Киселица – Злетово во општина Пробиштип е сеуште во тек.
На регионалениот пат Р2232 на м.р.”Глобица” во непосредна близина на с. Ратавци – Пробиштип сообраќајот е сеуште во прекин.
Поради надојдените води од реката Крива Лакавица во прекин се патните правци кон с.Степанци и с.Суво Грло.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.