После ова, никогаш нема да го фрлите талогот од кафето


Повеќето од нас утрото го започнуваат со шолја кафе, но потоа талогот го фрлате. Откако ќе прочитате за што талогот може да се искористи, веќе никогаш нема да го фрлите.peeling coffee

Против лоша миризба – доколку имате некоја непријатна миризба во фрижидерот ставете го талогот да се исуши во некој сад, а потоа ставете го во фрижидерот и на тој начин ќе ги неутрализирате мирисите.

Ги одбива инсектите – ако имате проблем со мравки во домот, ставете исушен талог на местата каде тие се појавуваат.

Пилинг – измешан со малку млеко за тело, талогот од кафе е одличен за темелен пилинг на телото.

Чистење на масни површини – кафето е одличен начин за чистење на масни и валкани површини. Користете го само талогот или во комбинација со него ставете малку детергент за садови и добивате одлично средство за чистење.

Ја чува градината од мачки– измешајте малку талог од кафе со кора од портокал кај оние растенија со кои не сакате да биде во допир вашата мачка.

За поголем род кај морковите –  измешајте свеж талог од кафе со ситните семки од моркови кога ќе ги садите и ќе имате подобар род, а ова ќе ви помогне и да го заштитите морковот од црви.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1