Поседување и носење на зимска опрема, односно синџири на возилата е задолжително на патниот правец Охрид-Кичево, од превојот Стража.
Издадена е забрана за движење на возила кои немаат поставено синџири на возилата и тоа на превојот Стража во правец кон Кичево и Охрид.
Според информациите на Курир екипи на МВР ќе ги контролираат возилата и нема да дозволат движење во двата правци без поставената зимска опрема на возилата.
-Се додека не се нормализираат временските услови ќе бидеме присутни на терен. Апелираме до сите граѓани да внимаваат на својата и на безбедноста на останатите учесници во сообраќајот, бидејќи несоодветната опрема може да го загрози нивниот и животот на останатите лица, вели за Курир помошник министерот за односи со јавност во МВР, Иво Котевски.
Последните информации од ЦУК говорат дека сообраќајот на патот Охрид-Кичево кај Пресека е во прекин. Возилата се пренасочуваат од Кичево кон Битола. Исто така сообраќајот на магистралниот пат А2 од Кичево до Гостивар, се одвива нормално.
Прооден, но во зимски услови е и патниот правец Охрид-Струга, а Охрид-Ресен е прооден за сообраќај.
Екипи на кризниот штаб заедно со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески од утринава се на терен и преку координација учествуваат во расчистување на непроодните патни правци.
Kurir