Возилата без зимска опрема ќе се исклучуваат од сообраќај


Забрана за движење на тешки товарни возила и автобуси на патните првци, особено на потегот од Гостивар кон Охрид и обратно во случај на интензивни врнежи од снег кои се очекуваат ноќеска да ја зафатат територијата на Македонија, е меѓу мерките кои ги донесе Координативното тело.

Забрана за движење на тешки товарни возила и автобуси на патните првци, особено на потегот од Гостивар кон Охрид и обратно во случај на интензивни врнежи од снег кои се очекуваат ноќеска да ја зафатат територијата на Македонија, е меѓу мерките кои ги донесе Координативното тело.500nalsovna-zimska-oprema-2

Исто така, се препорачува екипите на МВР да ги засилат контролите на посочениот патен правец во врска со носењето задолжителна зимска опрема и непропуштање на возилата кои нема да носат зимска опрема.

Координативното тело апелира до сите граѓани кои патуваат на патниот правец Скопје–Охрид–Скопје, тоа да го сторат најдоцна денеска до попладневните часови поради безбедност во сообраќајот.

До градоначаниците во западниот дел од Македонија се апелира да ја подигнат мобилизацијата на највисоко ниво, редовно да оддржуваат состаноци и да се координираат во врска со акциите што треба да ги преземат за редовно чистење на патиштата кои се во нивна надлежност. На состанокот е договорено, доколку имаат потреба од дополнителна механизација да се обраќаат до Дирекцијата за заштита и спасување која им стои на располагање.

Се препорачува на граѓаните кои сметат дека постои опасност по нивното здравје и живот и возачите доколку имаат проблеми на патот да се јават на бесплатните броеви, 195 на Центарот за управување со кризи (ЦУК), односно 196 на АМСМ, кои се достапни 24 часа.

Според прогнозата на УХМР, се очекуваат интензивни врнежи од снег посебно во делот на западна Македонија, ноќеска па се до утре попладне

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1