Возило излета денес од коловозот на патот Охрид-Свети Наум кај месноста Елешец.
Во овој момент нема потврдени информации за причините поради кои возилото завршило во водите на Охридското Езеро, веднаш после „тумбата“ во Елешец. Во незгодата е причинета поголема материјална штета, а нема информации за повредени лица.
СВР Охрид најавија повеќе информации за во текот на денешниот ден.
извор: ОхридПрес