Вознемирувачко: 10-годишно дете излета од тобоган во аква парк


Десетгодишното момче испадна од воден тобоган на денот на отворањето на новиот аква парк во Калифорнија вреден 43 милиони долари.

Повеќе од еден час откако беше отворен „The Wave“ аква паркот во Дубаи во Калифорнија, се случи инцидент поради што веднаш беше затворен, пишува „Daily Mail“.

Момчето кое испадна од тобоганот кој е висок три ката, паднало на бетонот покрај него.

10 годишното момче се вртело по бетонот и се здобило со изгребаници по грбот.

За среќа не е потешко повредено, но било во шок.

„Стоев таму и видов како детето по падот беше во шок, но делуваше добро. Стана и веднаш отиде до собата за прва помош“, изјави Линда Смит, менаџерот на аква паркот „The Wave“.

Полицијата не е повикана на лице место, затоа што родителите тоа не го сакаа, туку синот самите го однесоа до болница, од каде брзо били пуштено на домашно лекување.

Погледнете го видеото:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1