ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Доктор со тупаница усмрти пациент во болница


Педесет и шестгодишниот пациент, се жалел на болки на желудникот и наводно непристојно се однесувал кон медицинската сестра.

Пациентот претходно удрил со клоци медицинска сестра во болницата, по што реагирал лекарот кој му удрил тупаница на насилниот пациент.tepacka pacient doktor

Од ударот пациентот паднал на подот во бесознание,а подоцна починал.

Локалната полиција отвори истрага за случајот, што го оквалификува како „случајно убиство без намера“,  но претставник на Обвинителството изјави дека лекарот сепак ќе мора да одговара за смрта на пациентот.

Полицијата не го открива идентитетот на лекарот и на жртвата, но  најблиските на починатиот, за една руска телевизиска станица откриле дека станува збор за 56-годишниот Евгениј Бахтин, за кого тие велат дека не бил насилник.

Медиумите откриваат дека лекарот кој ја бранел медицинската сестра, се вика Иља Зелендинов.

Засега не се открива што го предизвикало целиот инцидент, како и зашто пациентот ја натепал медицинската сестра.

На видеото се гледа како докторот со тупаница го удира пациентот, по што тој паѓа на земјата и умира на лице место. Потоа хирургот се обидува да го врати во живот, но за жал, не успева.

По убиството, хирургот е избркан од работа, а полицијата работи на целосно расветлување на случајот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1