По серијата експлозии во главниот град на Индонезија што се случија пред неколку часа, се уште траат престрелките на полицијата со терористите.
Според последните информации од локалната полиција, до сега има регистрирано седум мртви од кои четворица се од групата напаѓачи, а еден е полицаец.
Првите слики кои беа споделени на социјалните мрежи се гледаат мртви тела по улиците, оштетени објекти од кои се уште излегува дим, насобрана маса луѓе која следи што се случува во критичните делови од градот каде што дејствуваат специјалните полициски единици.