ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Мајка на 4 деца почина поради алкохол


Беверли Пикорер имала само 36 години кога умрела од цироза на црниот дроб. Неколку месеци пред смрттаа, нејзиниот живот бил вистински пекол.

Била неподвижна, измачена од епилептични напади, имала цироза на црниот дроб, уста полна со скапани заби, а изгледала како да е децении постара од нејзините реални години. А, сетоа тоа не е најлошо од се.zena-so-ciroza-640x432

Набрзо и ослепела и не можела да зборува. Алкохолизмот целосно го опустошил нејзиното тело.

Имајќи предвид дека црниот дроб на човекот го обработува она што го јаде или пие во енергија за телото, како и отстранување на штетните материи од крвта, тоа е орган кој не може да се земе здраво за готово.

Нејзината приказна навистина ги илустрира трагичните последици кои алкохолизмот може да ги има на животот на поединец. Тешко е и дасе замисли дека некој би избрал да пие дотолку себеси да се доведе во ваква состојба и да се соочи со смртта и да не застане тука.

Според Американската фондација за црн дроб, помеѓу 10 и 20 отсто алкохоличари добиваат цироза.

И покрај нејзиното ветување дека ќе престане да пие и ќе почне да води сметка за себе и своето семејство, не можела да најде начин себеси да се отргне од овој порок. Нејзините четири деца и се одземени, бидејќи таа не можела да се грижи за нив.

Во август 2014 година, Беверли умрела од цироза на црниот дроб. Водете сметка за себе и нека оваа приказна ви биде едно големо предупредување.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1