Раскрвавена и со расеченици по дланките и телото заврши девојка која со голи раце се обиде да го спаси своето мало куче, кое се најде во челуста на разбеснет питбул.
Питбулот успеал да ги зарие острите заби во вратот на малото куче, кое почна и да се задушува. Девојката врескаше од болка и бараше помош од луѓето околу себе.
За среќа, сопственикот на питбулот успеа да го оттргне неговиот миленик од малото куче. Како што пренесе „Дејли мејл“, девојката се здобила со повеќе повреди во инцидентот, а нејзиното милениче сепак преживеало.