Вознемирувачко видео: Двајца штипјани брутално тепаат девојка


Вознемирувачко видео утринава се појави на социјалните мрежи.

Двајца штипјани со клоци и тупаници брутално тепаат девојка..

На видеото може да се забележи како едниот од насилниците држи тест за бременост во раката, додека беспомошната девојка очајно моли да престанат да се иживуваат врз неа.

Чинот на екстремно насилство паралелно го вршат и двајцата, додека едниот немилосрдно ја тепа, другиот снима со телефон, и обратно.

Јавноста е згрозена од видеоснимката која стана вирална, а за која засега не е познато кога е направена. Полицијата веќе работи на расчистување на случајот, насилниците се приведени и се наоѓаат во полицкисата станица во Штип. Предмет отвори и јавното обвинителство.

Според информациите од полициската станица Штип, станува збор за лицата С.А и П.Р. За конкретниот настан и преземените мерки известено е основното јавно обвинителство.Министерството за внатрешни работи ги презема сите потребни мерки за целосно расчитување на случајот. – информираше министерот за внатрешни работи Наќе Чулев..

Секое насилство е за најостра осуда и треба да се пријави, реагираат од Хелсиншкиот комитет за човекови права. Од таму за Канал 5 велат дека за жал во последениот период се зголемува бројот на вакви случаи.

„Секој кој претрпува било каков вид на насилство, а посебно жртвите на семејно и родово насилство може да се обратат до Хелсиншкиот комитет за човекови права. Во време на пандимјата ние работиме секој ден од 9 до 14 часот и даваме бесплатна правна помош, проценуваме поединечно по случај дали има потреба за преземање на дополнителни дејствија, поврзани сме и со другите невладини организации, кои работат на оваа тематика и имаат сервис за заштита.”изјави Јована Јовановска – Хелсиншки комитет за човекови права.

До Комитетот во изминатите месеци најчесто стигнувале пријави за извршено насилство врз жени, од нивниот сопруг, поранешен партнер, а во некои случаи и од други членови на семејството.

Kanal5.com.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1