Вознемирувачко видео: Грабнал дете во продавница и му ставил нож под грло – доби куршум во челото


Напната и опасна ситуација во една од продавниците на Волмарт во Оклахома – киднапер го грабна детето од количката за пазарување, кога нејзината мајка за момент се сврте да земе нешто од рафтовите.

oklahoma-2-

Киднаперот, 37 годишниот  Сами Валас, го држел во раце 2 годишното девојче и му држел нож под грлото повеќе од 30 минути.

На снимките од безбедносните камери на продавницата, се гледа како тој го грабнува детето, мајката вриска и го моли да и го врати,а тој и дава телефон и од неа бара да се јави на полицаец во Далас.

Полицајците успеале да се распоредат во продавницата бргу. Еден од нив застанал до киднаперот да разговара со него.

Во еден момент му даваат столче, седнува – целта била за полесно да го држат на нишан – бидејќи доколку се движел постоел ризик за детето.

kidnaper

Полицијата тврди дека Валас почнал да брои до 60, го кренал ножот од стомакот на 2 годишното дете до нејзиниот врат и се заканил дека ќе ја убие.

Во тој момент полицаецот Дејвид Хоф кој е клекнат пред Валас, чека тој да ја сврти главата и истиот момент станува и му пука во челото.

Шефот на полицијата изјавил дека благодарение на присебноста и челичните нерви на полицаецот избегната е трагедија и спасено е бебенцето.

Предупредување – видеото е вознемирувачко

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1