Исламска држава објави денеска видео-снимки од маж кој жив гори и наведуваат дека тоа е јорданскиот пилот заробен откако авионот Ф-16 се урна во Сирија на 24 декември.
Муас ал Касасбех извршувал воздушен напад врз позиции на ИД во кампањата на меѓународната коалиција против џихадистите.
На снимката чија веродостојност не е потврдена, прикажан е човек во пламен зад решетки. Јорданската Влада преговараше со припадници на ИД за размена на заробеници.
Националната телевизија објави дека Ал-Касабех е убиен пред еден месец.
Во друг видео-материјал објавен на исламистички форуми, Исламска држава упатува нови закани кон Франција каде како што тврди, има илјадници приврзаници подготвени за напади.