Снимката која е направена на 21 август покажува дека на инцидентот најверојатно му претходела кавга поради сообраќајка.
Како што дознаваат од српски Телеграф постарото лице пред инцидентот нападнал, пцуел дури и удрил еден од возачите кој е многу помлад од него.
Поради тоа одлучиле да му вратат. На снимката се гледа како еден од „насилниците“, му зборува на постарото лице: Кој си ти да ме удираш, зошто не ја чекаше полицијата“.
Во описот на видеото кое е поставено на Јутуб пишува: „Ова е малтретирање и изживување врз послабиот човек. Двајца брутално го претепа човекот, беше целиот крвав“.
Минувачите пробувале да ги запрат напаѓачите, а се престанало кога жена се заканила со полиција.