Вработен на бензинска пумпа убиен за 200 динари (ФОТО)


Триесет и едно годишниот Игор Митиќ вработен во бензинската пумпа „DMB петрол“  е убиен вчера од страна на 43-годишниот Данко.М. по кратка расправија за пари.

Убиецот, како што пренесува Блиц, бил пијан и истрелал еден куршум во градите на Игор од пиштол за кој не поседувал дозвола, и избегал. Игор починал на пат кон болницата.ubieniot500

До кавгата дошло поради тоа што Данко сакал да стави бензин за 300 динари, а вработениот Игор му рекол дека минимален износ за кој може да стави гориво е 500 динари. Данко се изнервирал седнал во автомобилот и отишол да го земе пиштолот од дома.

Пред да излезе со пиштолот од дома Данко на својот син му рекол дека ќе оди да се пресмета со вработениот на бензинска. Синот се обидел да го спречи но не успеал во тоа, по што веднаш се упатил кон бензинската пумпа да го предупреди вработениот  дека неговиот татко е бесен и дека носи пиштол со себе, велат очевидци кои за време на убиството седеле во кафичот кој се наоѓал спроти бензинската пумпа.tatkoto-na-ubieniot500

– Данко и Игор се расправаа кратко време по што Данко го удри по глава, а Игор се обиде да се заштити. Данко неколку минути мавташе со пиштолот по што истрела еден куршум во несреќното момче додека стоеше зад пултот, изјавиле очевидците.

Синот на Данко, откако неговиот татко побегнал од местото на настанот, го качил ранетиот работник во својот автомобил и го однел во болница. За жал тој починал на пат кон болницата.

Убиениот Игор бил оженет, имал две деца од 8 годишно и 17-месечно бебе. Тој важел за примерен работник и мирен и семеен човек.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1