Вработена во училишната кафетерија во школо во Мисури ја изгубила работата поради тоа што давала бесплатна храна на ученик кој што не можел истата да си ја дозволи.
Шеесетгодишната Даен Браме секојдневно му давала топол оброк на четвртооделенец во училиштето Хадсон во Сент Луис Каунти.
Момчето претходно било вклучено во бесплатната програма за хранарина, но се верува дека неговите родители на неправилен начин аплицирале за продолжување за истата и за наредната година.
„Не можев секојдневно да го гледам како јаде само сендвич со сирење, па затоа дозволв да ја надмине сметката од 45 долари, иако имав овластување да дозволувам сметката да достигнува максимално до 10 долари“, вели Диане Брејм.
Кога нејзините работодавци го забележале тоа сметале дека станува збор за грабеж и и дале избор дали сака да биде префрлена во друго школо, или да добие отказ. Брејм не можела да си дозволи преместување поради далечината, па затоа прифатила отказ.
Кога веста се проширила низ медиумите, веднаш реагирале од локалната самоуправа, за да жената биде вратена на работа. Работодавците во училиштето и нејзиниот супервизор, го опишале ваквиот инцидент како големо недоразбирање. Брејм треба да продолжи со својата работа веќе од наредната недела.