Вработена во менза отпуштена од работа – му давала јадење на детенце кое немало пари да ги плати оброците


kuvar otpustena

Вработена во училишната кафетерија во школо во Мисури ја изгубила работата поради тоа што давала бесплатна храна на ученик кој што не можел истата да си ја дозволи.

Шеесетгодишната Даен Браме секојдневно му давала топол оброк на четвртооделенец во училиштето Хадсон во Сент Луис Каунти.

Момчето претходно било вклучено во бесплатната програма за хранарина, но се верува дека неговите родители на неправилен начин аплицирале за продолжување за истата и за наредната година.

„Не можев секојдневно да го гледам како јаде само сендвич со сирење, па затоа дозволв да ја надмине сметката од 45 долари, иако имав овластување да дозволувам сметката да достигнува максимално до 10 долари“, вели Диане Брејм.

kuvar otpustena1Кога нејзините работодавци го забележале тоа сметале дека станува збор за грабеж и и дале избор дали сака да биде префрлена во друго школо, или да добие отказ. Брејм не можела да си дозволи преместување поради далечината, па затоа прифатила отказ.
Кога веста се проширила низ медиумите, веднаш реагирале од локалната самоуправа, за да жената биде вратена на работа. Работодавците во училиштето и нејзиниот супервизор, го опишале ваквиот инцидент како големо недоразбирање. Брејм треба да продолжи со својата работа веќе од наредната недела.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1