Вчера во 20.15 часот во Скопје на бул. „Партизански Одреди“ во аптека “Зегин“ извршено е разбојништво врз две вработени.
Во аптеката влегле две непознати маскирани лица од кои едното лице било вооружено со пиштол. Им се заканиле на вработените и одзеле околу 60.000 денари.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.