Вработените ќе плаќаат придонеси за секој екстра заработен денар како хонорар


Доколку не се промени правилникот за пресметка на придонесите кој се уште не е објавен но сепак е предвиден во постоечкиот закон, вработените кои остваруваат хонорар покрај платата, без разлика колкава и да е неговата висина, ќе треба да си ги подмират обврските и за него, соопштуваат од агенциите за авторски права, пренесува Фактор.мк.

Denari

Според нив сегашното Законско решение не се однесува само на лицата кои имаат склучено реботен ангажман по основ на хонорар или авторски договор туку и на вработените кои покрај пријавените примања како плата добиваат и дополнителни средства од остварена дополнителна работа или ангажман.

Земајќи ја предвид минималната плата во земјава, сите вработени лица ќе треба да пријавуваат и плаќаат придонеси за секој екстра заработен денар како хонорар.

Законската обврската за спроведување на овие измени на сила стапи на први Јануари годинава.

Граѓаните кои земаат хонорар од две или повеќе места ќе имаат обврска договорите да ги поднесуваат во Фондот за пензиско осигурување, каде ќе им се пресметува колку треба да платат за придонеси.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1