Вработените во јавниот сектор куртулија, на минималец одат само функционерите


Функционерите одат на минималец во следните два месеци. Ова е една од 17те мерки од вториот сет економска помош која ја претстави Владата.

Останатите вработени во јавниот сектор сепак ќе си ги земат целите плати.

Без надоместок ќе работат и сите членови на управни и надзорни одбори, совети на општини, комисии на извршна и локална власт.

Државата ќе испаќа минимални плати од 14 500 денари и на сите вработени во приватниот сектор, но тие ќе мора да исполнат неколку услови. Минамалец ќе земат и сите спортисти, уметници… Оние кои останале без работа поради Корона кризата – од државата месечно да добијат 50% од просечната плата која ја земале. Додека оние кои се без работен ангажман по 7 илјади денари.

Во пакет мерките вклучени се медиумскиот сектор.

Дополнително Спасовски информираше оти на фирмите им се забранува да одат во стечај под било каков основ, а се замрзнува и законот за извршување до крајот на јуни…

Со вториот сет мерки – Обезбедени се и дополнителни 8 милиони евра за безкаматни кредити од Развојната банка.

Владата отвора и посебна наменска сметка таканаречен Ковид 19 фонд, на кои сите правни и физички лица ќе може по сопствена волја да донираат парични средства кои ќе се користат за справување со кризата предизвикана од Корона вирусот.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1