Бројката на исчезнати артефакти од музејот на Македонија се уште расте. Во финалниот извештај на националниот музеј стоело дека недостасуваат 166 антички артефакти од Исар Марвинци и од Стоби
МВР веќе се сомнева дека станува збор за организирана група за што полициските инспектори се подготвени да ги тестираат на полиграф дури и вработените во музејот, пишува Канал 5.
Кражбата беше откриена случајно при подготвување на артефактите за преселба во новиот барокен Археолошки музеј. Првично фалеа 60-тина предмети, но сега бројката се искачи на 166 антички артефакти кои ги „снемало“ од музејското депо.