Таман си помислив еве и мене бог ме погледна! Ја запознав жената на мојот живот и дочекав да со 47 години се оженам. Но за една вечер се пропадна, а мојата сакана веќе нема ни да слушне за мене!
Со плачлив глас почна исповедта на белграѓанинот Милан Милиќ. Свадбата, вели требало да му биде најдобрата работа во животот, а се претворила во ноќна мора.
„Сакав со сите да ја споделам својата среќа. Затоа организирав свадба во Блокот 64 во Нов Белград, и ги повикав сите комшии да дојдат. Поклони им забранив да носат. Сакав сите да се опуштиме и убаво да си поминеме, да ја усреќам мојата невеста, која ја чекав цел живот“, зборува Милан.
Свадбата вели почна во прекрасна атмосфера. Само во првите часови дојдоа стотина луѓе. Пијалокот и храната имаше во изобилие, свиреше музика, а комшиите доаѓаа и го чекаа свеченото доаѓање на младенците. Но наместо нив дојде полиција!
„Дошле по наводно некаква пријава за галама. Тоа го направил некој злонамерен, да ја скрши мојата среќа, но не беше никој од комшиите затоа што сите дојдоа да ми честитаат. Тогаш дојде и комуналната полиција, која ми напиша казна поради кршење на Законот за уредување и одржување на паркот, ја забрани свадбата и ги избрка гостите“, очајно зборува младоженецот.
Да работата биде уште полоша, невестата која од Милан е помлада осум години, со своите сватови и семејство стигна по полицијата. И го затече плачливиот Милан.
„Можете да го замислите тоа понижување за жената! Се појави во венчаница, убава како сон, а дочека хаос. Се откажа од се, не сака повеќе ни да слушне ниту да ме види. Страшно е посрамотена. Затоа јавно го повикувам министерот Стефановиќ да ја испрати полицијата да оди кај мојата млада и да и објасни дека не сум јас крив. Дека ја сакам и сакам да ми се врати“, преколнува Милан.
Тој додава дека свадбата претходно ја пријавил во полиција, општината и месната заедница, но сите му одговориле дека не се надлежни за тоа.
„Им позајмив и пари, бев среќен што конечно ќе почнам да живеам сосема нормален живот. Ова беше мојата последна шанса да направам семејство. Мислев: „Е Милане, еве и тебе конечно ти се насмеа среќата“. Кога тоа, несреќа никогаш поголема! Мојот живот е уништен, тажно заклучува Милиќ.