Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи од девет до 15, а дневната од 25 до 32.
Во Скопје слично време, со температура до 30 степени.
Вредноста на УВ-индексот ќе изнесува 8.
До среда и четврток ќе се задржи стабилно и топло време со повисоки температури до 35 степени.
Кон крајот на неделата, односно во петок и деновите од викенд попладне повторно се очекува нестабилно време со дожд и грмежи