Време: сончево со температура до 13 степени


Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб претежно југозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус осум до минус еден, а дневната од шест до 13 степени.mk skopje vodno sonce22

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Утринската температурата ќе се спушти до минус три, а дневната ќе се искачи до седум степени.

Во наредните денови ќе преовладува стабилно време. Во четврток со преодно наоблачување и умерен северен ветер. Утринските температури во овој период ќе бидат во благ пораст, а дневните ќе бидат без значителни промени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1