Чудо – преживеале откако камион со километри ги влечел по пат


Бизарна сообраќајна несреќа се случи во Мичиген, САД, откако камион со километри влечеше возило во кое се наоѓало едно семејство.

Комбето се забило во задниот дел на товарното возило, пренесува Макфакс.

kamion

Во текот на снежната бура полицијата примила повик од испаничен возач кој кажал дека неговото комбе се забило и делумно е подвлечено под камион пред него и останал закачен за него.

Возачот на камионот, откако полицијата го сопрела, рекол дека не бил свесен за дополнителниот товар што го влече дваесетина километри по автопатот во северниот дел на сојузната држава Мичиген.

Во комбето во моментот на несреќата, којашто се случила околу два часот по полноќ по локално време, била брачна двојка и нивните две возрасни деца.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1