Денес ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови во северозападните, западните и југозападните предели нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици.
Во останатите предели ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови услови за дожд ќе има и во југоисточните предели. Утринските температури од 15 до 25 степени, а максималните дневни до 24 односно до 35 степени.
Во среда претежно сончево со локална облачност и потопло. Во попладневните часови услови за слаби локални врнежи од дожд ќе има во крајните северозападни и југоисточни предели. Утринските температури од 14 до 24 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 27 односно до 38 степени. УВ индекс 8.